Неверојатна вистинска љубовна приказна која докажува дека постои Љубов

19 ноември, 20140
8

Неверојатна вистинска љубовна приказна од Кина, која докажува дека постои Љубов! Вистинска, посветена и непроценлива!

Тоа е приказната на еден маж и една жена кои избегале за да живеат заедно во мир и да се сакаат повеќе од половина век. Пештерата во која живееле и 6000 скалила во Jiangjin и денес сведочат за нивната љубов.

112


Пред 60-тина години Liu Guojiang – 19 годишно момче, се вљубило во 29 годишната вдовица Xu Chaoqin, која веќе имала деца од претходниот брак. Како во приказната за Ромео и Јулија на Шекспир нивната љубов била неприфатена. Пријателите и нивните родители ги осудиле за нивната врска поради возрасната разлика и поради фактот дека Xu веќе имала деца. За да ги избегнат озборувањата и презирот на луѓето, тие одлучиле да избегаат и да живеат во една пештера во Jiangjin.

Во почетокот нивниот живот бил тежок, бидејќи немале ништо – ниту храна. Требало да јадат трева и корени, кои ги наоѓале во планината. Xu често го прашувала: „Не зажали што дојде овде со мене? ” Liu секогаш одговарал „Додека сме вредни, нашиот живот ќе се подобри. А додека те имам тебе, имам живот.”

Во втората година од животот во пештерата Liu започнал да прави скалила за да може неговата сопруга полесно да слегува од планината. Половина век подоцна, во 2001, група авантуристи се шетале низ планината и ги откриле двајцата вљубени кои веќе биле остарени и наишле на 6000 скалила кои биле направени рачно.

Liu Ming Sheng, едно од седумте нивни деца, вели: “Моите родители се сакаа толку многу што живееја во изолација над 50 години и никогаш не се делеа ниту за ден. Татко ми ги направи овие скали со свои раце во текот на годините само за да и олесни на мајка ми, иако таа не слегуваше толку често од планината. “

Двојката живеела заедно над 50 години, заеднички живот повеќе од половина век, надвор од цивилизацијата, но исполнет со многу љубов. Liu кој бил на 72 години, се вратил од секојдневната работа на фармата и онесвестил. Xu останала до својот сопруг и се молела, додека тој го испуштил последниот здив во нејзините раце прегрнувајќи ја толку цврсто што никој не можел да ја олабави таа прегратка и откако починал.

Денес нивниот живот стана една од десетте најпознати љубовни приказни во Кина. Локалната власт одлучи да ги задржи „Скалилата на Љубовта“ и местото каде што живееле како музеј, за да може оваа љубовна приказна да остане жива засекогаш…

113

114

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi