“Невозможна мисија“ ексклузивно на АЛФА ТВ
Од оваа па секоја наредна сабота во 19.15 часот ексклузивно на АЛФА ТВ најновите епизоди на најгледаното блаканско реално ТВ шоу Невозможна мисија.
Тијана, Ана Николиќ, Гоца Тржан, Јелена Карлеуша, Борис Новковиќ, Владе Дивац, Ненад Чанак, се само дел од познатите личности кои паднаа пред камерата на невозможна мисија. Ова реално ТВ шоу не претставува класична скриена камера, туку познатите и јавни личности ги става во реални ситуации при што на гледачите им се дава шанса да ги следат реакциите на своите омилени ликови, во необични и понекогаш опасни ситуации.
Новиот цуклус емисии на Невозможна мисија ќе се прикажуваат на Алфа ТВ секоја Сабота во 19.15 часот а оставаме да откриете дали и македонските познати личности ќе бидат дел од ова урнебесно Тв шоу.