
Кога станува збор за љубов, треба да имаме само три желби, бидејќи така, статистички, е многу полесно да се дојде до партнер, тврди Тај Таширо, професор на Универзитетот во Мериленд.
Како и Аладин, треба да издвоиме само три најважни атрибути кои идеалната особа мора да ги има.
На пример да биде убава, интелигентна и забавна, но не може да се бара да биде и богата, бидејки постои голема веројатност дека таквата особа никогаш нема да ја најдеме.
Американскиот експерт смета дека нашиот пристап е погрешен и апелира самците во потрагата по идеален партнер да се фокусираат само на она најважното.
Во својата студија објаснува дека традиционалниот пристап води до тоа наместо да имате врапче во рака, да фантазирате за голуб на гранка.
Сакаме се, а остануваме со празни раце, вели Таширо истакнувајќи дека е неопходно да се смени начинот на кој избираме партнер за себе.
Основно според него е да “не се расфрламе со желби“. Доволно е да се издвојат само три желби, односно карактеристики кои би сакале да ги најдеме кај партнерот.
Запрашан на кои квалитети треба да им се даде предност, Таширо вели дека секако тоа не е убавината, ни богатството, бидејќи тие не се гаранција за среќа во љубовта.
Подобро е, смета тој, да се посака симпатична и добра особа со смисла за хумор. Ваквиот човек ќе ви го разубави животот.