Пред некои продавници во Колорадо деновиве има неверојатни гужви. Стотици луѓе стрпливо чекаат во ред на многу ниски температури со цел да дојдат до она што внатре се продава…
Приходите од продажбата на марихуана, која е легализирана во Колорадо, ја надминува вредноста од 5 милиони долари само за неколку дена откако се отворил пазарот за канабис во оваа американска држава.
Околу 100 000 луѓе веќе си ја купиле својата доза “среќна трева“.
Работиме нон-стоп. Немаме време ни кафе да се напиеме – вели една од вработените во продавницата.
Во Клорадо марихуана можат да си купат лица постари од 21 година.
Некои критичари од светот на медицината и понатаму тврдат дека лесниот пристап до марихуаната претставува голем ризик за новото поколение.