Нов голем хит од Турската продукција на телевизиски серии

8 февруари, 20140
turska

„Calıkusu“ или Lovebird е новиот телевизиски феномен од Турција. Оваа серија е убедливо најгледана во конкуренција на сите теленовели што се емитуваат во моментов, а рејтинзите потврдуваат дека лесно може да биде и најгледаната теленовела воопшто во Турција.  

Ваквиот интерес на гледачите ги оправда огромните вложувања во серијата која важи за една од најскапите и најраскошните досега снимени во оваа земја. На гледачите, кои како маѓепсани ја следат секоја епизода, оваа безвремената љубовна приказна на познатиот турски писател Решат Нури Ѓунтекин им ја доловуваат најпопуларните турски актери Бурак Осчивит, кој ја толкуваше улогата на Бали Бег во “Величествениот“ и прекрасната Фахрие Евџан која ни е позната како Неџла од легендарната “Кога лисјата паѓаат“.  Извонредната продукција, фантастичните костими, прекрасната музика и, над се, приказната на која никој не може да оделее веќе предизвикаа огромен интерес кај сите големи телевизии во регионот кои буквално се наддаваат кај дистрибутерите на оваа серија. И нашите национални телевизии не се надвор од оваа трка, а дознаваме дека три од нив веќе ги испратиле своите понуди до диструбетерот. Јасно е дека и гледачите во Македонија нема да им биде скратено задоволство да го следат овој нов Турски мега хит, а на која телевизија ќе го следиме останува да видиме во наредниот период.

turska

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi