Веќе долго време престолот на сезоната го држеше омилениот кратко скроен топ, односно “кроп топ”, но еден крој од неодамна му парира. Тој вклучува спуштени раменици и голема количина заводливост и романтика. Покрај тоа, ја полуде и блогерската сцена.
Иако летото полека одминува, сега е вистинско време да уживаме во парчињата кои во скоро време ќе мора да ги спакуваме или да ги покриеме со јакни. Предлагаме ова женствено парче да го носите со тренди миди здолништа со полн крој, класични панталони, кратки здолништа или широки панталони. Изборот е на вас, бидејќи овој то и крој ќе изгледаат неодоливо и полежерни и женствени комбинации. Ако преферирате момчешки стил, добра идеја е да го носите ова парче со џинс со прерамки или шорцеви со висок струк.