
Ако на Фејсбук ви стигне понуда за пријателство од човек кој веќе ви е пријател, внимавајте, бидејќи се работи за една нова интернет превара!
Низ Фејзбук почна да кружи нова превара, со помош на која “крадците“ ќе ви го украдат пасвордот, ќе го хакнат вашиот компјутер и ќе ви го загорчат животот на многу начини.
Со потврда на ова пријателство вие давате дозвола на лицето кое стои зад лажниот профил кој изгледа идентично со оној на вашиот вистински пријател, да го превземе буквално вашиот профил и да го користи од ваше име, без да сте свесни за тоа. Ќе има пристап до сите ваши информации, како и се што пишувате со пријателите. Освен тоа ќе има достап и до вашиот мејл и пасворд за истиот.