
После инстаграм, фејсбук и твитер, за сите љубители на голото тело направена е апликација во која ќе може да се објавуваат експлицитни фотографии!
Порностаграм е апликација која на корисниците им овозможува своите секси фотографии сликани со својот телефон, да ги споделуваат со останатите корисници. Автор е францускиот програмер Quentin Lechemia чиј мотив за оваа апликација е дека луѓето ќе бидат помалку срамежливи ако им се озовможи своите жешки фотографии или снимки да ги уредуваат со додатни филтери од програмата.
Со оглед на тоа колку е лесно на интернет да се најдат места каде што може да се објават аматерски фотографии или снимки, се прашуваме дали Порностаграм ќе биде тотален хит, бидејќи не е бесплатен. Мобилните корисници се ограничени на пристап од 5 минути, а премиум претплата чини 3.90 долари месечно.