
Во колекцијата на Викторија, годинава доминираа црната и белата боја. Како што пишува Telegraph, во досегашниот тек од њујоршката модна недела, колекцијата на Викторија може да се рече дека е најдобра.
httpv://www.youtube.com/watch?v=NTBb0XFiuew
Викторија Бекам уште еднаш направи полн погодок во модниот свет. Нејзината колекција есен/зима 2014-та, која ја претстави на модната недела во Њујорк, дојдоа да ја видат многу звучни имиња, меѓу кои и уредничката на Vogue, Ана Винтур.
Помеѓу присутните беше и Дејвид Бекам заедно со нивните четири деца, кои од првиот ред го проследија модното шоу.