Новинарка се преправила во проститутка и еве што и се случило

10 ноември, 20140
12
По трага на приказните дека во самиот центар на Белград секојдневно се одвива „најстариот занает на светот” една новинарка од српски „Телеграф” се упатила во самото „легло” на проституцијата, облечена како ноќна дама. Таму ја дочекале заканувачки погледи, но и шокантно сознание дека жените го продаваат своето тело за помалку од 10 евра.
„Телеграф“ пренесе какво искуство имала новинарката и што ѝ се случувало таа вечер.
„Додека стоев на тротоарот во кратко црвено фустанче и високи потпетици, низ Балканска улица поминуваа луѓе кои се брзаа. Секој од нив ми упатуваше по еден поглед, полн со страст и прекор.“
„Цели два часа стоев на ладниот ветер во центарот на Белград, окружена со проститутки. Додека тие меѓусебно си разговараа, се држев на страна, бидејќи бев уплашена. Попрецизно, бев преплашена. Никој од нив не ни претпоставуваше дека бев тука поради задача. Како новинарка, требаше да откријам како одблиску изгледаат ‘ноќните дами’ и како тие ја поминуваат таа ноќ.“

„Тука стигнав следејќи ја трагата на приказната за проституција на Балканска улица. Многу сограѓани се јавуваат во редакцијата на ‘Телеграф’, жалејќи се од ‘жените со низок морал’, кои ги дочекуваат своите муштерии од попладневните, до раните утрински часови. Неколку личности наведоа дека ова се случува секојдневно, со години наназад.“

„Првите два часа поминаа во тишина и јас ги набљудував тие, наизглед, безгрижни жени. А потоа почна.“

„‘Дали работиш?’ – тивко низ одење проговори еден постар човек, додека ми доаѓаше во пресрет. Не го слушнав најдобро, па го замолив да ми повтори, а тој тоа и го направи. Само, овој пат застана, дојде до мене, ме фати за рака и ми рече: ‘Дали е твоја смена вечерва? Дали работиш? Ќе има секс или како?’’“

“Зјапав во него добри пет минути. Навистина, тешко беше да се соживееш во улогата на проститутка и да одговориш на такви прашања. За прв пат добив задача да работам вакво нешто и не ни претпоставував колку навистина сериозна е оваа работа.“

„Минутите се развлекуваа и додека тој вадеше банкноти, се слушнав самата како изговарам: ‘Само што стигнав. Нова сум, се уште не сум ни почнала. Но, дојди подоцна. После 23 часот. На истото место. Ја знаеш ли цената?’“

“Ме дочека громогласно смеење. Човек од речиси седумдесет години, за кого би помислиле дека е беспомошен старец, стоеше наспроти мене и ми се смееше во лице. Мавташе со банкнота од илјада динари и ми одговори: ‘Слушај малечка, јас не сум нов. Ова е и повеќе од доволно. Никогаш за ништо овде не сум платил повеќе, па не се обидувај од мене да извлечеш пари’.“

„Тој заминуваше со спори и тешки чекори, а јас се прашував дали е можно овие жени да се продаваат за помалку од 10 евра. Морав да им пријдам и да ги прашам дали е ова навистина точно. Додека одев кон две високи и значително слаби Ромки, сфатив дека сите девојки кои ги видов дотогаш тука се од ромско потекло и многу неухранети.“

„На неколку метри од нив, наидов на поглед полн со презир. Двете се свртеа кон мене и јасно ми ставија до знаење дека е најдобро да се држам на страна. Тоа и го направив.“

„Потоа уште неколку мажи ми пријдоа во наредниот час. Успеав да откријам дека сексуалната услуга чини околу 20 евра и дека овие девојки на улица излегуваат измеѓу 17 и 18 часот и тука остануваат до утро. Муштериите ги собираат со автомобили, каде што најчесто имаат односи, а неретко се случува и услугите да ги даваат во хотелски соби или влезови во стамбени згради.“

„Околу полноќ одлучив да ја напуштам улицата. Колку и да се чини оваа приказна страшна на прв поглед и вредна за осудување, мојата вистина е малку поинаква. На овие жени не им е воопшто лесно. Нивниот живот се сведува на задоволување на странци по улиците, продавање на своето тело за пари омаловажување на себе.“

„Многумина би рекле дека тоа е нивен избор и дека сами одлучиле така. Но, на зборови се сите силни. Делата се она по кое човекот се докажува.“

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *