Новиот iPhone ќе излезе порано на пазарот!

popara10 март, 20141min00
ADR_Iphone6_01

Причината за овие гласини е што продавачите во САД веќе ги намалуваат цените на iPhone 5S и iPhone 5С, а според шпекулациите, новиот модел би можел да се појави уште ова лето.

Очекувањата се дека iPhone 6 ќе има 4,8 инчен екран, за да се задоволат барањата на купувачите за поголем екран. Многу од информациите навестуваат дека може да добие екран од сафирен кристал со соларни келии, што ќе ја зголеми долготрајноста и на екранот и на батеријата.

Шпекулациите за новиот дизајн навестуваат дека може да добие заоблено дело, како и дека ќе го придвижува моќниот A8 процесор.