
Oбјаснети се новите правила на Формула 1 кои ќе важат од следната сезона. Иако надворешноста на болидот изгледа како непроменета, но внатрешноста на возилото крие многу изненадувања и унапредувања.
Правило кое го ограничува возилот е дека болидот смее да користи 30% помалку гориво. Со други зборови, инжинерите морале да направат мотор со 30% поголема ефикасност. Исто така, според новите правила и самата машина станува помала. Наместо досегашниот 2.4 литарски, V-8 мотор, се воведува 1.6 литарски, v-6 турбо мотор. Тимовите на располагање ќе имаат по шест мотори во сезона, за разлика од минатогодишните осум.
Бројот на брзини е зголемен од седум на осум, со подобрената аеродинамика, гледаат прилика за задржување на перформансите на болидот како од минатата година.
httpv://www.youtube.com/watch?v=hFHmYFlbFn8