Новото оружје на руската армија

popara20 октомври, 20141min00
7

Руската војска се опрема со сопствени беспилотни авиони. Тие можат да вршат разузнавачки активности и да нанесат удар на противникот. Од 2014 година во воените единици на разузнавачите се појави нова структура – чета оператори на беспилотни авиони. На Алтај борци од првата чета во пракса ги вежбаат теоретските знаења кои ги стекнале во школските единици.

Руските тактички беспилотни авиони од серијата Гранат се тешки неколку колограми. Се транспортираат во мали куфери. Телото на авионот е од кевлар и покриено е со епоксидна смола. Така радарите не можат да го откријат. Електромоторот работи толку тивко што беспилотниот авион во лет практично не се слуша. Меѓутоа, основна работа во авионот е специјалната опрема. Таа е толку сложена и скапа што овој авион чини како 50 патнички автомобили од средна класа.

Радиусот на дејството на авионот е речиси 10 километри. Во воздух може да се наоѓа до еден час. А ако треба, може да полета и на -30 степени, и на +40 степени. За половина час работа на овие мали беспилотни авиони во непријателска позадија можат да соберат повеќе информации од чета разузнавачи за цел ден, вели командирот на четата на беспилотните авиони Дмитриј Иванов:

Нивните можности се многу поголеми од што очекувавме. Овие беспилотни авиони се 100 отсто оправдани. За себе откриваме огромни можности со овие авиони. беспилотни авиони се лансираат од било кое место. Не е потребно да постои писта за полетување. И за двоглед и за видео-детектор камера речиси е невозможно да се фатат овие беспилотни авиони. Тие се како мали птици кои лебдат на небото на граница на видливост на човечко око. Противникот најчесто не се сомнева дека некој го следи.

Сега во вооружувањето на четата на беспилотните разузнавачи постоја три различни модели. Но, наскоро руската војска треба да добие нови, посовршени комплекси. Тие ќе бидат опремени со мотор со внатрешно согорување. Овие посилни беспилотни авиони ќе можат да носат разни видови на оружје. Така непријателот не само што ќе може да биде откриен, туку и веднаш ќе може да се разоружа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma