Приказна напишана само со шест збора

20 октомври, 20140
1 copy

Легендарниот Ернест Хемингвеј бил многу млад кога во текот на разговорот со колегите писатели,  многу повозрасни од него, одлучил да се пофали по секоја цена, „па што сака нека биде“.

Тогаш на неговите соговорници им рекол дека е во состојба да напише комплетна приказна во само шест зборови.

Никој не му поверувал, сите тоа го сфатиле како обид и желба на младиот писател да се истакне меѓу колегите. Меѓутоа, за да го исмеат младиот Хемингвеј, одлучиле да си поиграат со него, па се обложиле дека тоа е невозможно, а секој од нив вложил по десет долари како потпкрепа за нивната убеденост.

Ернест земал салвета од масата и на неа напишал шест зборови.

Не сакал да прочита на глас, туку му рекол на колегата до него тоа да го направи наместо него. Никој не го прочитал на глас, туку само меѓусебно си  ја „додавале“ салветката. После неколку минути му се извиниле на младиот колега па едногласно изјавиле дека шест зборови се повеќе од доволно да се напише приказна. И тоа, добра приказна.

Јасно е дека приказна може  да содржи многу повеќе зборови, но можно е да се направи чудо и само со шест зборови и тоа беше поентата на облогот.

Еве ја приказната на Хемингвеј:

– На продажба. Чевличиња за бебе. Неносени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş