
Потребни намирници:
450 гр компири полу сварени,
100 гр растопен путер,
2 јајца,
6 лажици брашно,
2 лажици масло,
40 гр рендан кашкавал,
1 китка магдонос,
Сол
Ги лупиме компирите.
Во сад ги матиме јајцата заедно со брашното и сол по вкус. Ги додаваме маслото и путерот.
Ги поставуваме компирите во форма за мафини и секој од нив го полеваме со смесата. Од горе поросуваме со кашкавал.
Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути додека не добијат златна коричка.
После тоа ги вадиме од рерна, поросуваме со ситно сецкан магдонос и сервираме.
