Од 1 Јули поскапуваат цигарите!

popara29 мај, 20141min00
cigari

Согласно новите регулативи за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задовлство“ за граѓаните на Македонија.  Oд 1 јули 2014 година, стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголеми за 0,15 денари за цигара, а од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, пак, оваа стапка цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година. Пресметките покажуваат дека секоја година цигарите ќе поскапуваат во просек по 4 денари за кутија, што значи дека до 2023 година, една кутија што денес се продава за 40 денари ќе чини околу 90 денари.