
Стотици илјадници очајни луѓе, најмногу Американци, секоја година му плаќаат на Јосип Грабавец – Брацо од Загреб да гледа во нив и да молчи.
Брацо придобил следбеници од целиот свет, а неговиот поглед чини 8 долари. На оние кои присуствуваат на сесиите не им е дозволено да му се приближат. Тој едноставно со никого не разговара.
Чудата кои му се припишуваат се најразлични. Усвоена ќерка ги нашла своите родители, некоја жена ги решила проблемите со дишењето, маж се опоравил после успешна трансплантација на коскена срж. На многу жени кои имале проблем со јајниците и плодноста им помогнал да забременат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=jzMn10Wjm4o