„По долго и внимателно размислување одлучивме да се разведеме по пет години брак. Благодарни сме што сме родители на две неверојатни ќерки кои ќе ги одгледуваме заедно. Би ви биле многу благодарни ако ја почитувате нашата приватност во моменти кога почнуваме деликатно поглавје за сите членови на нашето семејство”, се наведува во соопштението што го објави магазинот People.
Лима и Јариќ се запознаа на забава во Лос Анџелес во 2006 година, а две години подоцна се свршија на дваесет и седмиот роденден на Лима. Се венчаа во 2009 година на Свети Валентин на приватна церемонија во Вајоминг.
Имаат две ќерки, 4-годишната Валентина и 19-месечната Сиена со кои живеат во Мајами.
„Најдобрoто нешто во светот според мене е тоа што сум мајка“, во една прилика има изјавено Лима за време на ревиите за Victoria’s Secret.