
Пред неколку месеци медиумите пишуваа дека “дух ја оседнал Пичиз Гелдоф“, ќерката на Боб Гелдоф која денес е мртва. Пичиз тогаш напишала на Инстаграм дека не се работи за нејзината рака бидејќи во тој момент со едната рака го држела бебето, а со другата апаратот. Таа само открила надприродна појава и ја споделила со фановите.
Пичес Гелдоф, славна британска манекенка и новинарка, објавила пред неколку месеци фотографија каде јасно може да се види раката на духот кој ја допрел додека се бањала заедно со синот – според нејзините зборови.

Сликата била направена додека се бањала во када со синот Астал, и тврди дека во тој момент со една рака го држела телефонот, а со другата го држела детето околу половината.
“Куќата во која живеам припаѓала на еден богаташ, чија сопруга овде родила мртвороденче, а потоа сосема полудела од тага, па наводно извршила самоубиство во истата када“, напишала на својот Инстаграм профил менекенката.
“Нејзиното присуство не го почувствував како закана, не чувствувам зли намери или лутина. Напротив, би рекла дека односот на духот е пријателски и мајчински. Сигурно сака да го почувствува мојот син, бидејќи таа многу сакала деца“.
А ова е последната фотографија што Пичиз ја објавила пред да умре. Ова е таа како мачечка и нејзината мајка која пак починала од дрога.
