Оргинален рецепт за највкусни крофни

30 ноември, 20140
1

Состојки:

20 гр квасец

3 дл млако млеко

30 гр шеќер

500 гр брашно

1/2 лажичка сол

4 жолчки

100 гр путер

Масло за пржење

Мармалад по потреба

Подготовка:

Растворете го квасецот во 3 дл млако млеко, додадете 30 гр шеќер и лажица брашно, покријте го садот и оставете го на топло, за да порасне.

Во поголем сад додадете го преостанатото брашно заедно со 1/2 лажичка сол, додадете 4 жолчки, 100 гр матен путер, а на крај квасецот, па замесете го тестото.

Тестото кога ќе биде готово нема да се лепи на садот. Оставете го на умерено топло место да нарасне околу еден час. Треба да се дуплира.

На потлога поросена со брашно растегнете го тестото во правоаголник со дебелина 2 см. Намачкајте мармалад на едната половина од тестото, а со другата преклопете.

Со калап се вадат крофни, кои треба да отстојат 15 минути, а потоа ги спуштаме во поголема количина врело масло. На крај поросете со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *