
Сигурно не сте знаеле колку животот без пријатели и / или романтичен партнер може да биде опасен. Осаменоста воопшто е лоша по здравјето.
И покрај обврските, многу е важно да одржувате контакт со пријателите, бидејќи без рамо за плачење се зголемува нивото на стрес. Докажано е дека осамените жени многу почесто страдаат од срцеви заболувања и порано умираат од дамите кои имаат широк круг на пријатели.
Симптоми на акумулираните стрес се зголемена нервоза и пречувствителност, зголемен крвен притисок и шеќер во крвта. Врз падот на имунитетот и слабеење на општата состојба на организмот влијае и незадоволството во односот со партнерот. Жените поради тоа многу често чувствуваат болки во градите и доживуваат срцев удар.