Ослабел 180 килограми благодарение на жената што ја запознал преку интернет!

30 април, 20140
3

Брајан Флеминг (32) од Мичиген пред 2 години имал 283 кг. Немал ни работа, ни пријатели, а деновите ги поминувал во кревет, пиејќи водка и играјќи игрици.
Неговата здравствена состојба забрзано се влошувала, се додека една интернет игра случајно не го споила со Џеки (52).
Британката која поради болест на мускулите се храни здраво и редовно вежба го убедила Флеминг да го смени начинот на живот од корен.
Му рекла дека на светот постојат луѓе кои се борат за да преживеат, а тој ги има сите услови за да биде среќен, но сам ги отфрла – вели Американецот.
Со нејзина помош Флеминг го откажал алкохолот, почнал да шета секое утро и да внесува овошје и зеленчук. Минатата година се сретнале во Парис каде заедно се искачиле на Ајфеловата кула.
Џеки е најдоброто нешто што ми се случи во животот. Ми го спаси животот – вели бившиот алкохоличар.
Тој денес има под 100 килограми и одлучен е во намерата да вежба и здраво да се храни. Редовно е во контакт со Џеки, а оваа година ќе го посети Лондон.

smrsao-180-kilograma-3

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi