Малата Бразилка Алани со допир може да излечи сида, рак, артритис?!
На интернет се објавени снимки каде се гледа како малата Алани им помага на жените да одат без помош на штаки и ја поставува својата рака на луѓе заболени од сида, а кои потоа од шок паѓаат во несвест.
Малата Алани лечи во една црква во Рио. Нејзиниот татко тврди дека неговата ќерка може да излечи рак, артритис, сида и други болести само со допир.
Таткото клиповите ги објавил на Јутјуб, каде се гледа како Алани ги лекува болните кои доаѓаат кај неа да бараат спас.
Стотици луѓе секојдневно ја посетуваат малата Алани, а таа вели дека ужива во тоа што го прави. Таа и нејзиниот татко не наплаќаат за услугата.
Се молам, а Господ прави чуда! – вели девојчето наречено “малата мисионерка“, и која би сакала да биде лекар кога ќе порасне.
Нејзиниот татко тврди дека е таа обично девојче, со необичен дар!
httpv://www.youtube.com/watch?v=hwoyQobBCwQ