Херој на годината! Осумгодишниот Тајлер Духан спасил шест членови од своето семејство, од пожарот што избил во приколката и при тоа умрел спасувајќи го вујкото кој бил инвалид, пренесуваат американските медиуми.
Малечкиот, неговиот вујко и дедо го изгубиле животот при пожарот во градот Пенфилд во Њујорк.
Храброто момче успеалао да спаси две деца, како и четири возрасни особи.
Безживотното тело на момчето било пронајдено до креветот на неговиот вујко кој не можел да се движи бидејќи имал ампутирана нога.
Тајлер беше внимателно момче, секогаш со насмевка на лицето – изјавил директорот на училиштето.
Во моето срце и во срцата на целиот град тој ќе остане засекогаш вистински херој – додава тој.
httpv://www.youtube.com/watch?v=00uHw06feXs