Освежена верзијата на BMW X3!

popara6 февруари, 20141min00
bmw-ja-pretstavi-osvezhenata-verzija-na-x3-170475

Измените се гледаат во обликот на светлата, кои сега изгледаат помодерно и имаат LED технологија, додека маската, во духот на актуелниот дизајнерски јазик е поистурена нанапред и има нагласена хромирана рамка.

bmw-ja-pretstavi-osvezhenata-verzija-na-x3-170474

Редизајнот го опфати и задниот дел на автомобилот, а разликите се забележуваат и во изгледот на ретровизорите, тркалата, како бројните козметички детали кои ќе го доближат до моделите како X5 и Series 4.

Што се однесува до моторите, BMW во верзијата xDrive20d за првпат понуди нов 2.0 литарски турбо дизел мотор кој произведува 190 коњски сили и развива 400Nm. Тој е посилен од претходникот, а според податоците ќе забрзува од 0-100 за 8,1 секунди.

bmw-ja-pretstavi-osvezhenata-verzija-na-x3-170476

BMW ќе понуди и економичен модел sDrive18d, со заден погон кој ќе доаѓа со гуми со низок коефициент на отпор. Оваа верзија под хаубата ќе го има 2.0 литарскиот турбо дизел агрегат со 150 коњски сили и 360Nm, а во комбиниран циклус ќе троши 5 литри на 100 километри.

bmw-ja-pretstavi-osvezhenata-verzija-na-x3-170477

Во зависност од пазарите новиот BMW X3 ќе биде достапен со четири дизел и три бензински мотори, се до најсилната верзија xDrive35i која има 3.0 литарски 6-цилиндарски мотор со што испорачува 313 коњски сили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *