Отишла во банка за сперма и родила ќерка, а потоа се заљубила во донорот

12 ноември, 20140
10

Амина Харт од Мелбурн на 43-години посакала да има дете и отишла во банка за сперма. Одбрала анонимен донор чии карактеристики најмногу ѝ се допаднале, а една година подоцна одлучила да го запознае таткото на нејзината ќерка. Со игра на судбината, тие двајца се заљубиле и сега се вистинско среќно семејство.

На Амина веќе ѝ починале две деца поради ретко генетско пореметување. Нејзиниот прв син Марлон живеел 14 недели, додека нејзиното второ дете Луис починало на 14 месечна возраст. Затоа таа едвај одлучила повторно да се обиде.

Кога отишла во банката за сперма, лекарите ѝ дале три парчиња хартија – на секое биле карактеристиките на еден донор. Нејзе најмногу ѝ се допаднал човекот кој себе си се опишал како „среќен и едноставен“ и кој веќе имал четири здрави деца.

Тоа бил Скот Андерсон, таткото на нејзината ќерка. Скот на листата исто така навел дека радо би го запознал детето кое настанало од неговата сперма. Бидејќи Амина пораснала без татко, одлучила таа и Лејла, која тогаш имала 11 месеци, да го запознаат Скот.

Девојчето и нејзиниот биолошки татко веднаш се зближиле, а со тек на време и мајката се заљубила во Скот. Тие тој Божиќ го поминале заедно.

„Тогаш се заљубивме. Тоа беше неверојатно и прекрасно чувство“, се присетува таа. Сега се веќе десет месеци заедно како мало семејство, а нивната уникатна љубовна приказна го обиколи целиот свет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi