
Астрономите откриле изладена и бледа ѕвезда, со големина на Земјата. Таа е стара 11 милиарди години и толку студена поради што јагленот кристализирал и се претворил во дијамант.
Ѕвездата бело џуџе би можела да е една од најстудените што било кога е забележана.
Астрономите пресметале дека нејзината просечна температура изнесува само околу 2700 степени целзиусови.
Само за споредба, температуратра на површината на нашето Сонце изнесува околу 5500 степени целзиусови, а температурата на неговото јадро е околу 15 милиони степени.
Белото џуџе се наоѓа на околу 900 светлосни години одалеченост од Земјата.