Откриена најголемата тајна на слабеењето: Три големи оброци, но никако не правете го ова…

popara9 мај, 20141min00
7

Експертите предупредуваат дека грицките, односно нездравата храна го зголемуваат стомакот, односно така се таложат маснотии околу половината, па препорачуваат дневно да се јадат три оброци кои можат да бидат дури и големи.
Холандската студија покажала дека голема штета прават разните грицки кои содржат многу маснотии и многу шеќер и дека тие се виновниците за зголемената абдоминална дебелина и замастувањето на црниот дроб.
Од друга страна, при конзумацијата на обилни оброци тоа не било забележано.
Водителката на истражувањето Милер Серил од Медицинскиот центар во Амстердам рекла дека студијата недвосмислено докажува дека три избалансирани оброци дневно се патот кон оптимална тежина и здравје. Режимот исклучува секакви грицки, благо, брза храна и слично. Маснотиите во студијата биле мерени со магнетна резонанса, а чувствителноста на инсулин пред и после оброк.