
Грчкиот археолог Ангелика Котарити изјави дека пет од разурнатите гробници се кралски, и дека можно е две од нив да им припаѓаат на Александар I и неговиот син Пердика II, пренесува Б92.
Двајцата владееле во 5-тиот век пред новата ера, еден век пред славниот македонски крал, Александар Велики.
Археологот изјави дека гробниците пронајдени во гратчето Вергина биле ограбени и разрушени уште во античко време. Меѓу предмети кои ги пронашле во гробниците се неколку вазни и еден меч.
Вергина е мал град во северна Грција (за кој се верува дека е изгубениот град Аигаи) што станат светски познат во 1977-ма, кога грчкиот археолог Манолис Андроникос ја ископа гробницата на Филип II, таткото на Александар Македонски.
Од 1996-та година, овој археолошки локалитет е заштитен од УНЕСКО.