
Американката Криста Гуарино (9) од Детроид живее со 30 змии меѓу кои и анаконда и питон долги речиси 4 метри. Криста јаде, спие и си игра со рептилите.
Иако милениците ја гризнале до сега повеќе пати, вели дека не боли, а не се ни отровни.
Никогаш не сум се плашела од змии. Ни малку! Ги обожувам! – вели девејчето.
Криста одлучила да отвори зоолошка градина само за рептили за да им покаже на луѓето дека тие се прекрасни животни и одлични домашни миленици.
Рано се сретнала со змиите бидејќи нејзиниот татко е експерт за рептили, а таа веќе на 2 години ја држела првата змија во раце.
httpv://www.youtube.com/watch?v=wTEmrNr5WLc