
Таа за аудицијата одбра да ја испее песната „River” на Емели Санде, со која си обезбеди понатамошен настап во шоуто.
Своето менторство и го понудија двајца од тројцата судии, а таа за менторката ја избра Лена Мејер-Лендрут, поранешната претставничка на Германија на Евровизија, која дури и успеа да се расплаче.
По настапот германските медиуми не престана да пишуваат за Селма и веќе ја викаат „новата Лена”.
– Лена за Селма рече дека е комплетна личност. Убаво, мило дете со кое може лесно да се работи. Многу сум горд на нејзините досегашни успеси. Селма е предодредена за музика. Како мала почна прво да пее, па потоа да зборува. Многу е талентирана и е добар ученик, изјави нејзиниот татко Џенад за сараевскиот весник „Аваз”.
Џенад Тотиќ потекнува од српскиот град Пријепоље, а неговата сопруга и мајка на Селма од Босански Брод во БиХ.
httpv://www.youtube.com/watch?v=RFiMG-701RY