Ова е дефинитивни најлудата авиокомпанија!

30 април, 20140
kulula-airlaines-najludata-aviokompanija-so-koja-mozhe-da-letate-182820

Kulula Airlaines е јужноафриканска авиокомпанија за евтини летови, а нејзиното име во превод значи „со леснотија“. Компанијата постои десетина години, а се прослави со лежерниот и забавен пристап кон летањето, интересните рекламни кампањи, дизајнот, како и брутално духовитите изјави на екипажот.

Еве дел од легендарните изјави наменети за патниците:

Во ситуациите кога патниците се премногу пребирливи за седиштата и прават застој екипажот има порака: „Луѓе, не сте во кино, пронајдете слободно место и седнете“.

– Kulula Airlaines може да се пофали со веројатно најдобриот екипаж во индустријата. За жал, тој екипаж не е во овој авион.

– Ако во текот на летот ве фатиме со цигара, ќе ве исфрлиме надвор.

– Ве молиме да ги земете сите ваши работи со вас. Ако веќе нешто заборавате, нека биде тоа пари.

– Можеби постојат 50 начини на кои може да го оставите партнерот, но постојат само четири начини како да излезете од овој авион.

– Фала што патувавте со Kulula Airlaines. Не заборавајте, никој не ве сака вас и вашите пари, повеќе од нас.

– При излегувањето од авионот, понесете ги сите свои работи. Се што ќе остане во авионот, екипажот ќе си го подели меѓу себе. Ве молиме брачниот другар и децата – да не ги оставате.

– Внимавајте што ви кажува и покажува стјуардесата. Подоцна ќе треба да правите тест“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi