Ова е домот на Бекамови!

31 мај, 20140
18-fakti-za-vilata-versace-koja-ja-kupija-bekamovi-2

Вилата Casa Casuarina, покојниот дизајнер ја купил во 1992 година и после обемно и скапо реновирање ја претворил во дом од соништата.

Во неа се приредувале многу забави на кои меѓу останатите, присуствувале и Мадона и принцезата Диана.

Трикатната вила претставува луксузна оаза во срцето на South Beach која долго време претставувала најскапа недвижнина на пазарот.

Дознајте неколку интересни факти за неа:

1. Зафаќа површина од 2.137 квадратни метри, има 10 спални соби, 11 бањи, 5 квадратни метри базен со мозаик на дното порабен со 24-каратно злато.

2. Во прашање е една голема приватна резиденција на многу популарно место.

3. Версаче ја купил во далечната 1992 година како изградена куќа од 1930 година, по цена од 2,9 милиони, како и арт деко хотел The Revere, кој се наоѓал во непосредна близина за 4 милиони долари, со намера од двата имоти да направи свој мал рај на Земјата.

4. Заштитниците на културните споменици се бореле за зачувување на хотелот Ревере, кој е изграден во 1950 година. Тоа бил првиот хотел кој имал клима уред, но и прва арт деко градба која е срушена кога почнал развојот на South Beach.

5. Версаче потрошил 33 милиони долари за реновирање, а потоа и за организирање на гламурозните журки за вселување

6. Две години по смртта на Џани Версаче, вилата е купена за 19 милиони долари, без мебел. Новиот сопственик Петер Лофтин, исто така купил и дел од мебелот кој останал во куќата.

18-fakti-za-vilata-versace-koja-ja-kupija-bekamovi-2

7. Базенот наводно, по желба на Версаче е направен во Италија, а потоа поделен на делови и така пренесен во САД, каде тим од 75 луѓе повторно го составиле.

8. Куќата содржи повеќе од 100 милиони италијански плочки.

9. Casa Casuarina изградена е по примерот на Аlcazar de Colon палатата сместена во Санто Доминго која ја подигнал синот на Кристофер Колумбо.

10. Версаче ги откупил статуите кои стојат покрај базенот од француски дворец од 16 век.

11. Кружниот мозаик на подот покрај базенот наводно содржи шифрирана порака.

12. Една од спалните соби под името Папагалски апартман посебно е дизајнирана за внуката на Џани, Алегра, која била опседната со птици.

18-fakti-za-vilata-versace-koja-ja-kupija-bekamovi-1

13. Апартманот во кој Мадона сакала да отседне бил дизајниран за Донатела Версаче. Во него се наоѓа единствената када во куќата, бидејќи сестрата на Џани не сакала туш кабина.

14. Во куќата се наоѓа мермерен тоалет кој е вреден 10.000 долари, а во прашање е еден од само трите слични кои постојат во светот. Инсталиран бил од претходниот сопственик, Лофтин.

15. Брус Вебер ја фотографирал куќата на Версаче за „Вог“ во 1993 година. Размерот и величенственоста на куќата биле речиси комични.

16. Версаче во една прилика, за магазинот „Time“ ги раскажал своите соништа за вилата во Мајами: „За да го читам Марсел Пруст имам куќа на езерото Комо. Овде во Мајами не сакам уште еден манастир во кој ќе живеам. Сакам место на кое ќе го читам Труман Капоте“. Имал и вработен библиотекар кој ги средувал петте негови библиотеки.

17. „Мајами е место на кое може да бидете она што сте, без трчање. Знаете дека во Милано мора да трчате секој ден. Мајами е кул“, рекол Версаче во едно интервју, „Едноставен е, убав и времето тука е фантастично. Навистина не мора да се брзате за никаде. Се будам и работам. Многу сум спокоен тука“.

18. Пред влезот во вилата на 15 јули 1997 година, точно во 9 часот наутро, серискиот убиец Ендру Кунан пукал во Џани Версаче кога се враќал од блиската кафе-книжарница.

18-fakti-za-vilata-versace-koja-ja-kupija-bekamovi-7

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *