
Неверојатната куќа се простира на површина поголема од илјада метри квадратни
и истата е изградена во 2007 година.
Нејзиниот неверојатен дизајн, благодарение на кој изгледа како самата куќа да е вметната во планината,
го потпишува Валас Канингам, архитект од Сан Диего.

Самата вила е составена од неверојатен број на стаклени површини кои што се издигнуваат од подот
па се до врвот на куќата и истите се обезбедени со цврст бетон.
Благодарение на ваквиот дизајн, куќата има спектакуларен поглед водата и прекрасната околина.

Во рамките на луксузната вила се сместени четири спални соби, шест бањи, домашно кино,
стаклен лифт, подземна гаража, а на покривот од оваа градба се сместени и неколку базени
и специјално опремена фитнес сала.
Опишана како уметничко дело, па дури и скулптура,
оваа куќа благодарение на визуелното влијание на самиот дизајн ја добива титулата
и за едно од најимпресивните архитектонски достигнувања кога станува збор за луксузниот живот.

Доказ дека станува збор за архитектонска креација која никого не остава рамнодушен е и фактот дека,
покрај тоа што била искористена за потребите на филмот,
таа послужила и како место за снимање на реклами на бројни брендови, помеѓу кои е и Келвин Клајн.
https://www.youtube.com/watch?v=Ur5SxJ5T86s











