
Оваа згодна Македонка работи како манекенка и фотомодел, а нејзиното портфолио вклучува и соработка со многу познати музички ѕвезди како Снуп Дог, Крис Браун и Ники Минаж за време на нивните концерти во Дубаи.
Агенцијата за која таа работи во моментов ја однесе на кастинг за најновиот филм “Брзи и бесни 7”, а Вин Дизел кој лично одлучувал за тоа која девојка ќе се појави во ова продолжение ја одбра токму неа.
Теодора Коловска е 27-годишна девојка од Скопје која од пред извесно време живее и работи во Дубаи.