Ова е најстуденото место во светот!

popara24 март, 20141min00
pronajdeno-najstudenoto-mesto-na-zemjata-162376

Тим научници од американскиот National Snow and Ice Data Center открија дека температурата на еден планински масив на Антарктикот се спушта под -91 степен Целзиус, на температура која човечките очи, нос и бели дробови замрзнуваат за само неколку минути. о помош на сателитите за мерење температура на Антарктикот, научниците откриле рекордна температура на студенило, пренесува Daily Mail. На температура од -78,5 степени Целзиусови, јаглеродниот диоксид се претвора во мраз.

Најстуденото место се наоѓа на 3.779 метри надморска височина на Антарктикот, каде за два степени е постудено отколку во руската истражувачка станица Восток каде најниската температура изнесува -89,2 степени Целзиусови.

Според научниците, на планинските масиви во Антарктикот постојат и постудени локации, бидејќи сателитите ја мерат просечната температура на километар квадратен и велат дека температурата е мерена во текот на сувите и ведри временски периоди, а не кога е снежно и ветровито време.

Сепак, најстудено населено место на планетата и понатаму останува руското село Ојмјакон во Сибир, каде просечната температура во јануари изнесува -50 степени Целзиусови. Во него живеат околу 500 луѓе кои се занимаваат со лов и риболов.

pronajdeno-najstudenoto-mesto-na-zemjata-162377