
18 годишниот Ченг Чангјанг се шетал после училиште и позирал пред едно вештачко езерце со цел да има фотографија за паметење од тој ден, но не ни претпоставувал што ќе се случи само неколку секунди откако е направена оваа слика.
Она што подоцна се случило е херојски чин на ова младо момче. Поточно, три мали дечиња паднале во езерото и почнале да се дават, тој тоа го забележал, па без разлика што не знаел да плива, без размислување скокнал од мостот за да ги спаси со што го загрозил својот живот.
Кога слушнал вриштење, веднаш скокнал од мостот во вода, и за ништо друго не размислувал. Додека го вадел последното дете од вода, еден минувач притрчал да му помогне. Кога успеал да му го предаде детето во раце на човекот, Ченг потонал.
Го извадиле од вода, но веќе било касно. Бил мртов, и не можело да му се помогне.
Тоа било типично за Ченг, да ги стави другите пред себе, дури и кога тоа значи својот живот да го ставиш на коцка. Херојски чин кој никогаш не смее да се заборави! Почивај во мир храбро момче со големо срце!


