
Прекрасниот медитерански град Cap D’Agde не е само уште едно одморалиште. Секако, можете да се капете во морето, да уживате во свежата храна од морето и да се забавувате до долго во ноќта. Меѓутоа, тоа по што тој е посебен е фактот дека сето тоа можете да го правите целосно голи.
Цел еден дел од градот е нудистички ориентиран.
На тој начин, можете да шетате по улиците сосема голи, а никој да не ве гледа чудно.
Одморалиштето го има прекарот „гол град”, а во текот на врелите летни месеци во него секојдневно се слеваат и до 40.000 луѓе. Зошто толку голем дневен прилив од луѓе? Па затоа што целото одморалиште, а не само плажите се нудистички.
Можете да одите во шопинг, да ручате, па дури и голи да возите велосипед.
