Ова е вистинската причина поради која жените одбиваат секс

popara2 септември, 20141min00
5

Веројатно досега некогаш ви се случило после изгледан филм во кино или некои други заеднички активности со партнерката да посакате да имате и „дополнителна забава“ во креветот. Некогаш едноставно чувствувате како сте и двајцата сексуално поврзани и треперите од возбуда, но, тука се и моментите кога таа едноставно сака веднаш да заспие, или едноставно да одмора.

Нема потреба да ве совладува чувството на фрустрираност.

Наскоро ќе заклучите, „во ред, уморна е, имаше напорен ден“. Да, тоа навистина се случува доколку претходната ноќ не спиела доволно, или доколку и претходел стресен ден. Познато е дека стресот негативно влијае на многу аспекти од животот, па така и на сексуалниот. Посебно се чуствителни оние жени кои веќе извесен период во животот чувствуваат стрес. Таквиот начин на живот може значително да го ослабе либидото. Обидете се да и помогнете да се опушти, па на тој начин е поголема веројатноста дека за извесно време ќе се расположи доволно за мала „игра“.

Исто така, за разлика од многу мажи, жените низ сексот сакаат да почуствуваат емоции. Што точно значи ова? Доколку во врската постои проблем и жената не се чувствува емотивно сигурно, на удар ќе биде нејзиното либидо. Последица? Лош или непостоечки сексуален живот. Решението на проблемите лежи во отворениот разговор меѓу партнерите. Доколку овој недостаток може да се поправи, ќе се поправи и нејзиното либидо, а со самото тоа и сексуалниот живот на двајцата партнери.

Понекогаш се случува и жените да не знаат дека се болни, а како симптом да се појави намалената желба за секс. Мошне често се рефлектираат на овој начин, на пример, болните штитни жлезди. Кога ќе се излечи евентуалната болест, и либидото ќе се врати во нормална состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag