Ова е вратата на пеколот

popara23 јуни, 20141min00
Ова е вратата на пеколот

Вратата на пеколот изгледа не е само легенда, туку навистина постои. Голема дупка која гори повеќе од 40 години се наоѓа во Туркменистан. Иако изгледа заплашувачки, туркеменстанските власти се надеваат дека ќе го искористат ова како предуслов за развој на туризам.
Го одзема здивот! Веднаш ви доаѓа да се помолите – вели Гозел Јакуљева која дошла да го види овој феномен.
Кратерот се наоѓа во срцето на пустината Каракорум, една од најголемите на светот. Жителите велат дека кога ќе го видите, веднаш помислувате на своите гревови.
Околу јамата во која гори природен гас нема ограда, па љубителите на екстремни возбуди можат да се доближат до самиот раб.

httpv://www.youtube.com/watch?v=EUaNsUC3UYA

httpv://www.youtube.com/watch?v=ra_a1weqTYQ