Ова го прават среќните парови! Проверете дали тоа сте вие!

popara17 февруари, 20141min00
couple-in-love

Разговараат
Секоја среќна врска се темели на добрата комуникација помеѓу партнерите. Тие кои можат со својот партнер да седнат и да разговараат како возрасни луѓе и да кажат сè што им е на ум, се многу посреќни од оние парови кои што немаат развиено таков однос.

love

Флертуваат
Повеќето парови знаат дека сексот секоја вечер не е возможен, ниту е цел кон кој треба да се тежнее. Всушност истражувањето спроведено во 1994 година ва Универзитетот во Чикаго, открило дека само една третина од американците имаат сексуални односи повеќе од еднаш неделно. Но, тоа не значи дека паровите не би требало секојдневно да флертуваат. Со давање на комплименти и со споделување на фантазиите, паровите можат секојдневно да внесуваат сензуалност во врската.

love

Се глупираат заедно
Стресната работа и забрзаниот начин на живот оставаат многу малку време за забава и опуштање. Затоа кога се заедно, среќните парови наоѓаат заеднички „вентил” со кој ќе се релаксираат од напорниот ден. Било да се работи за гледање квизови, масирање или нешто трето, секој среќен пар има свој начин за заедничко опуштање.

Си даваат простор
Секоја личност има потреба од слободно време кое ќе си го посвети исклучиво себеси. Среќните парови тоа го знаат и меѓусебно си даваат простор. Делењето на духовните моменти може да опфаќа сè, од молитва до медитација, она што е важно е чувството на поврзаност кое паровите го доживуваат за време на делењето на таквите моменти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *