
Супер-автомобили кои не се направени само за својата брзина, туку и за својата скандалозна и луксузна појава на патиштата, чинат многу, а кралот во оваа класа е Maybach Exelero.
Луксузниот автомобил на Maybach – Exelero, за прв пат беше претставен во Берлин. Купето со 700 коњски сили и V-12 би-турбо мотор е уникатен модел специјално произведен за компанијата Fulda Reifenwerke, која Maybach Exelero го користи како промотивен материјал за новопроизведената генерација на широки гуми.
Само замислете ја комбинацијата на првокласна лимузина со моќно спортско купе. Направете автомобил во вашите глави со димензии од мал транспортер кој развива максимална брзина од 350 км/ч.
Exelero претставува најквалитетната креација на Maybach до денес. На тестовите за брзина на патеката Nardo (Италија), најскапиот луксузен автомобил достигна неверојатна брзина од 351.45 км/час а од 0 до 100 забрзуваше за 4.4 секунди.
Доколку сакате да го поседувате овој неверојатен автомобил ќе треба да издвоите сума од неверојатни 8 милиони долари.


