Ова се најважните животни лекции!
Предавањето кое една професорка по биологија им го одржала на своите ученици е нешто што тие никогаш нема да го заборават. Затоа немојте ни вие да ја пропуштите шансата да научите нешто што не се учи во школо.
Замислете дека сте ученик од петто оделение. На час сте по биологија и наставничката на сите ви дели разни туби, шишенца, спрејови, а потоа бара од вас содржината да ја исцедите на масата пред себе. Правите хаос и звучи како фантастична забава, нели?
Меѓутоа сега ви дава нова задача, да ја вратите содржината назад во амбалажата. Што и да правите, едноставно неизводливо е…И не ви преостанува ништо друго освен да се откажете. И тогаш наставничката ви ги отвара очите…
Во моментот сите вие бевте толку фокусирани на цедење, истискување и прскање, што не забележавте каков хаос правите. Толку лесно се истече надвор, а потоа сфативте дека нема шанси содржината да ја вратите назад. Запаметете го ова: Истото важи и за сите зборови кои излегуваат од вашата уста.
Нејзиниот 10 годишен ученик тогаш бил во фазон: За што зборува оваа глупача? Сепак, овој денес веќе возрасен дечко до ден денес не престанал да мисли на тоа. А вие?