
Пред 9 години се разведол со сопругата, но ја превземал грижата за синот кој тогаш имал само 3 години. Одлучил да направи се што може со цел на својот син да му го даде најдоброто. Неговиот сега 12 годишен син е болен, но таткото многу се гордее со него.
Пожртвуваниот татко секој ден го носи синот во училиште дури 28 километри. Тој пропешачува секојдневно долг пат со својот син на грб, кој го носи во корпа.
Ни за секунд не се откажал од својот син кого треба подгрбавен да го носи цели 28 километри секој ден.
Знам дека моето дете има ограничени психички способности, но нема ништо лошо во неговата глава. Меѓутоа не можев да најдам ни едно училиште што би го прифатило, сите го отфрлаа.
И бидејќи не постои школски автобус ни пак соодветен јавен транспорт, единственото решение било таткото да го носи своето чедо на грб до училиште и назад.
Го носам до таму и назад, секое утро станувам во 5 часот и подготвувам храна за да јаде тој. Потоа го носам во училиште 7 километри, па се враќам назад за да заработам некоја пара. Потоа повторно го поминувам истиот пат за да го вратам дома. Тоа беше единственото училиште што го прифати.
Мојот син поради својот инвалидитет не може да оди, а има 12 години и е висок 90 см. Тој е најдобар во неговиот клас и јас многу се гордеам со него.
Откако оваа приказна била објавена, локалната влада ветила дека ќе изнајми соба за таткото во близина на училиштето.
