Ова треба да го знаете доколку мислите да станете плавуша

popara17 септември, 20141min00
6

Амбасадорката на „Wella Professional“, Џенифер Џ., изјавила дека кај русокосите најважно е да се издвојат од толпата и да се подготвар за големи промени.

Таа додава: „Преоѓањето на светла русокоса боја на коса понекогаш привлекува многу внимание, па обично се работи за брзо-растечки тренд.“

А, во случај и вие да имате интрес за оваа промена, на овие работи треба да обрнете посебно внимание, пред да станете „плавуша“.

Правило број 1: Секогаш одете кај професионалец

Иако е многу поефтино да ја избелите косата дома, никогаш не вреди да се ризикува. Всушност, ако не користите соодрветен хидроген или предолго го држите на коса, неповратно ќе ја оштетите косата, и на крај повторно ќе треба да го посетите фризерот (ако сакате да излезете од дома малку самоуверено).

Правило број 2: Поставете ги вистинските прашања

Иако можеби знаете што сакате, фризерот веројатно знае што ќе изгледа добро на вашиот тен и вид на коса. Џенифер советува да го прашате фризерот колку платинесто треба да бидете, дали може вашата коса да го издржи тоа, колку често ќе треба да се фарбате и дали мисли дека таа боја убаво ќе ви стои.

Правило број 3: Сепак знајте кога треба да кажете не

Според Џенифер, доколку имате тенка коса, треба да одите во спротивна насока од „бланширање“, односно она што неминовно предизвикува оштетување на влакното. Ако вашата коса е фарбана црна, наводно никогаш нема да постигнете целосна платинесто русокоса боја, туку ќе задржи портокалов тон, колку и хидроген да користите.

 

 

Правило број 4: Прифатете го фактот дека ќе ја оштетите косата

Целосното отстранување на меланинот од косата (пигментот поради кој сте бринета), не е едноставен процес. Всушност, хидрогенот кој мора да го држите на косата додека не ја постигне саканата нијанса, сериозно ќе влијае на вашето влакно, кое ќе стане суво, сакале или не.

Правило број 5: Користете маска и регенератор за длабинска регенерација

На сувата „избланширана“ коса потребна ѝ е дополнителна нега. Многу нега. Откога ќе станете платинесто русокоса инвестирајте во добар регенератор и маска за коса. Сувата коса во мометот ќе добие хидратантни состојки, ќе ѝ даде здрав изглед додека постепено ќе се обновува.

„Мора да барате состојки како што се кератин и масла од арган и бадем“, додава Џенифер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag