Оваа болест можно е да ја носите и 20 години пред да стане смртоносна!

14 октомври, 20140
4

Ракот на белите дробови може да „се крие“ во вас 20 години пред да прерасне во агресивната и смртоносна болест, предупредуваат научниците според едно ново истражување.

Првата генетска мутација која ја предизвикува болеста, може да остане неоткриена и до 20 години, пред да се забележат симптомите на болеста, па потоа да почнат набрзина да ги напаѓаат и останатите клетки.

Научниците се надеваат дека новото откритие ќе доведе до порано откривање на болеста. Имено, 2/3 од пациентите добиваат дијагноза дури откако напреднал ракот на белите дробови, односно кога шансите за излекување се многу помали.

Годишно, околу 40.000 луѓе заболуваат од рак на белите дробови, но помалку од 10.000 преживуваат само 5 години откако им е дијагностициран. Исто така, со ова истражување, научниците се надеваат дека ќе ја подигнат свеста на луѓето и ќе ги поттикнат да одат редовно на контрола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi