Бети Колт од Австралија, ќе биде прва од инцестоидното семејство Колт, која ќе оди во затвор поради сексуално злоставување и занемарување на децата и поради обид за киднапирање, пренесува „Daily Mail”.
Таа и нејзините 13 деца се дел од семејството Колт (вистинското име се сокрива од јавноста поради заштита на идентитетот од децата), кое брои 38 членови од кои повеќето се родени во инцестоидни врски измеѓу родителите и децата, браќата и сестрите. За нив се дозна пред две години, кога едно од децата на училиште кажало дека „сестра му е бремена, но не знаат кој од браќата е татко на детето“.
Тогаш во долината, на околу 30 километри од Сиднеј, во селската околина, беше откриена фарма на ужасот, на која живееле децата – производ на инцести, родени со различни физички и психички деформитети, деца кои не знаеле да зборуваат, не знаеле да користат тоалетна хартија или четкичка за заби, а не пак да прават работи што се соодветни за нивната возраст.
Покрај тоа, повеќето деца биле сексуално малтретирани, особено девојчињата. Се открило дека станува збор за четири генерации на истото семејство, чии членови се родени од инцестоидни односи.
И петте, од вкупно 13 деца деца од Бети Колт, се родени на ист начин, а таткото е, според ДНК анализите, или нејзиниот татко или нејзиниот брат.
Нејзината сестра, Марта, родила шест деца, од кои едно починало, а татко бил нејзиниот роден брат Чарли. Чарли и Марта спиеле секоја ноќ во брачен кревет во шатор на бедната фарма во која живееле, а наоколу имало канти со фекалии и урина бидејќи немале WC школки, како ни струја ни вода. Нивните браќа и сестри исто така биле во шаторот, каде што меѓусебно имале сексуални односи.
Синовите од Бети, Били (14) и Боби (15) се меѓу 12-те нејзини деца кои во 2012-та година по откривањето на целата приказна, биле одземени и дадени на посвојување. Но, Бети честопати им се јавувала на двајцата синови, особено на Боби, и им велела дека ќе ги одведе.
„Ти си толку големо момче, имаш многу секси глас“, му велела по телефон на својот син. Таа е осудена врз основа на снимки од овие телефонски разговори.
Судот бил шокиран од сведочењето на осумгодишната Надја, ќерка од Марта, која имала сексуални односи со браќата. Во неа ставале секакви предмети, мајката и Чарли, нејзиниот вујко а воедно и татко, а потоа така ја снимале. Надја била злоставувано и занемарувано дете, а не знаела ни да се измие, ниту да користи тоалетна хартија, никогаш не видела четкичка за заби. Говорот ѝ бил заостанат.
Другата ќерка од Марта, Рут, која има 9 години, исто така не знаела да зборува правилно, а не пак да чита или да пишува.
Од 12-те деца во семејството Колт, кај седум е пронајден ист генетски примерок на двата родители, што значи дека станува збор за најблиски роднини. Пет деца биле од Марта.
Четирите генерации од семејството Колт се селеле низ Австралија, за да не се открие нивниот гнасен начин на живот. Се претпоставува дека голем дел од семјството потекнува од брат и сестра кои имале заеднички деца.