Овие намирници не смеете да ги подгревате

10 ноември, 20140
14

Заради модерниот забрзан начин на живот, свежо подготвените оброци стануваат сè поголем луксуз, а подгреаната храна која ја консумираме е еден од најлошите непријатели на нашето здравје.

Имено, подгревањето на храната, која веќе претходно била придотвена, не се препорачува бидејќи повеќето намирници стануваат штетни и токсични. Меѓу оние кои спаѓаат во ризичната група, кај кои повторната термичка обработка ги убива нутритивните својства и ензими, ги издвојуваме следните:

Спанаќ, цвекло, целер и репка

Во себе содржат нитрати кои по дејството на микроорганизмите и загревањето преоѓаат во нитрати па во нитрозамини, кои се многу штетни и канцерогени. Спанаќот е најризичен во оваа група, па затоа секогаш консумирајте го исклучително во свеж облик.

Компири



И компирите спаѓаат во токсичната група на намирници, кои после загревањето ги гупат нутритивните својства. Најновите истражувања покажуваат дека компирите се најздрави кога се зготвени, но оладени. Кога ќе се олади, во компирот доаѓа до зголемување на процентот на отпорен скроб, кој има пробиотско дејство.

Печурки

Составот на печурките лесно се менува заради протеините кои ги содржат, па стануваат штетни. Затоа се препорачува само малку да ги подгреете, најмногу до 70 степени.

Месо

Со подгревање, месото станува штетно за нашето тело заради промената која се случува во составот на протеините. Кога протеините долго време се загреваат на високи температури, се менува нивната структура, па таквото месо станува несварливо, а со самото тоа и токсично.

Намирници кои се обработуваат на ниски температури

Во нив спаѓаат месото од живина, варена и димена риба (лосос, скуша, бакалар), суровата или слабо термички обработените школки, млечни производи и јадења кои содржат млеко, сирење и јајца. Кај јадењата со овие намирници подгревањето не би требало да биде опција.

Од друга страна, пак, секако тука се и намирниците чијшто состав не се менува значајно при повторно изложување на висока температура. Ова се однесува на интегралните житарки, како просото, јачменот и овесот.

Совети:

Подгревањето на супа се толерира доколку од неа ги извадите месото и зеленчукот, па да ја загреете само течноста. Оваа постапка се препорачува и кога станува збор за вариво.

Топлата вода е идеално решение за подгревање на рибата и месото бидејќи на овој начин соодветната температура не предизвикува настанување на штетни супстанци во намирниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş