
Во осумдесеттите години од минатиот век, Пабло Ескобар кој соработуваше со семејството Очоа, беше на самиот врв од списокот на најбараните лица и трговци со дроги во САД и беше сметан за еден од најбогатите луѓе на планетата. САД, каде што Ескобар криумчареше тони кокаин, долги години се обидуваа да дојдат до него. Нарко босот беше убиен во 1993 година во операција на елитните единици на колумбиската полиција поддржана од американските служби, што воедно претставуваше и крај на постоењето на картелот Меделин.

Споменатиот имот кој се состои од куќа од 680 квадратни метри во корално розова боја и земјиштето биле купени од Кристијан Бердуар, сопственик на синџир ресторани во Мајами. Новиот сопственик планира да го урне домот на нарко босот и на неговото место да подигне нов објект, велејќи дека локацијата му ја дава атрактивноста на имотот, а не неговата историја.

Сопственоста на Ескобар беше конфискувана од американските власти во 80-тите. Во тоа време „господарот на дрогите” бил сопственик на неколку имоти во САД проценети на десетици милиони долари, од кои имоти во недвижнини од 20 милиони долари на Флорида.
Неговото богатство се проценуваше на околу три милијарди долари во 1993 година, кога беше убиен на 43-годишна возраст, при обид да избегне апсење.