
Светските медиуми јавуваат дека договорот е блиску и дека гигантот наскоро ќе ја објави својата најголема аквизиција со купувањето на компанијата зад која стои познатиот рапер, продуцент и бизнисмен Др Дре.
Financial Times пишува дека преговорите се во тек, но изворите на Forbes пишуваат дека договорот може да биде комплетиран следната недела.
Слушалките Beats by Dre во претходните 5-6 години станаа статусен симбол, слично како и iPhone.
Проценетата вредност на компанијата е околу две милијарди долари, а Apple е подготвен да плати многу повеќе од тоа. Аналитичарите се сомневаат дека причината за високата цена е тоа што Beats успеале да сокријат нешто од јавноста и конкуренцијата, што е важно за Apple.
„Овој потег е збунувачки, бидејќи компаниите купуваат други фирми за да добијат некоја технологија или купувачи што ги немаат. Мора да има нешто скриено штом Apple е толку заинтересиран“ вели аналитичарот Џејмс Меквиви за BBC.